Во издание на Цанкарјева заложба, превод на Соња Должан, романот „Тромбот“ на Оливера Николова сега е достапен и за словенечките читатели.
КАДИФЕНАТА ПОКРИВКА - добитник на наградата „Стале Попов“ за 2015 година
Последниот роман на Оливера Николова, во издание на „Матица македонска“ е добитник на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2015 година.
„Кадифеаната покривка“ е провокативна, храбра, неверојатно возбудлива, преку сите граници „заиграна“, маестрално испишана и „чудно“/необично структурирана проза на која, во жанровска смисла, најдобро би ѝ прилегал непостоентеориски квалификатив „роман-ин-прогрес“.Умберто Еко би рекол: отворено дело. Македонската книжевност сѐ уште не произвела проза од ваков радикален вид,проза чијшто супериорен книжевен наратив успева постојано да се поигрува токму со најважното: со онаа проколната и темелна естетичка дропка fiction/faction.Во овој „отворен роман“ најмалку е релевантна неговата „фактичност“ која ја застапуваат главните личности: осум историски и јуридички автентични „жени-убијКи“ кои живееле и убивале помеѓу 17 и 21 век. Единственото релевантно во и за „ековската приказна“ на оваа книга е нејзиниот „фикционалитет“, заблазнувачката имагинација на нејзината писателка која го создаде ова зашеметувачко КНИЖЕВНО УМЕТНИЧКО ДЕЛО. Оливера Николова, авторка на дваесетина книги, добитничка на редица најугледни книжевни награди, госпоѓа во најдобрите години, жена со интегритет, писателка од име и од маштаб, и со оваа книга го потврдува својот саморазбирлив статус:La Grande Dame на македонската литература.
(жирито за наградата „Стале Попов“ за 2015 г. - Елена Лужина, Блаже Миневски и Иван Чаповски)
Промовирани трите тома избрани дела за деца
Трите тома избрани дела за деца на Оливера Николова, насловени како „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“ во издание на „Детска радост“ беа промовирани во Друштвото на писатели на Македонија, на 10 декември 2013 година.
Промотор на овие изданија беше проф. Весна Мојсовска-Чепишевска, а фрагменти од творештвото на Николова читаше Софија Гогова-Врчаковска.
Во состав на трите тома, покрај култниот „Зоки Поки“ кој годинава ја слави својата 50-та годишнина, се наоѓаат и „Тажниот весел Владимир“, „Пријателите Бон и Бона“, „Мојот звук“, „Девојките на Марко“, „Бели стапки“, „Преминот не е осветлен“ и „Светлосна година“.
Графичкото и ликовно обликување е на Жарко Туниќ, а насловни страници дело на реномираниот стрип-автор Александар Сотировски.
„ТРОМБОТ“ сега достапен и за словенечките читатели
Strdek
Olivera Nikolova
Izvirnik:Trombot
Prevod: Sonja Dolžan
Urejanje: Andrej Blatnik
Založba:Cankarjeva založba, 2014
trda vezava, 352 str.
Mere: 20,5x14,5 cm, 544 g
ISBN: 978-961-282-007-7
„ВЕЖБИ ЗА ИБН ПАЈКО“ објавен во Москва
Романот „Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова излезе од печат во Москва на самиот почеток на септември, неколку дена пред отворањето на најголемиот книжевен саем во Русија 26 Меѓународен саем на книга во Москва. Токму со овој роман Русија се вклучи во проектот "Сто словенски романи" што го реализира Форумот на словенските култури. Издавач на книгата е издавачкиот центар «Рудомино».
Книгата е издадена многу квалитетно, во тврд повез, со тираж од 1000 примероци. На Саемот книгата беше изложена на штандот на Форумот на словенските култури, како и на штандот на издавачкиот центар «Рудомино». На 6 септември македонскиот роман многу успешно се промовираше во Серуската државна библиотека за странска литература «Рудомино». Во интервјуто дадено за радиото «Гласот на Русија» рускиот историчар на книжевноста Jулија Созина меѓу другото и заблагодари на славистката Олга Панкина, познат промотор на македонската литература на рускојазичното подрачје, за изборот за превод од десетте македонски романи токму на романот «Вежби за ибн Пајко» кој несомнено ќе им биде многу интересен на руските читатели, како и за извонредниот превод.
KУЛТНАТА ДЕТСKА KНИГА НА ОЛИВЕРА НИKОЛОВА СЛАВИ ПОЛОВИНА ВЕK
„Зоки Поки“ стана средовечен маж, а нема кој да го наследи
Сега би требало да се појави дете што ќе биде во духот на ова живеење - кое играта на улица или во маало ја заменува со игри во игротека или пред компјутер, вели Весна Мојсова-Чепишевска, професорка по светска и македонска книжевност за деца
Англичаните го имаат Оливер Твист, Американците - Том Соер, ние го имаме Зоки Поки. Kнигата на Оливера Николова е класика во македонската литература и референца на детството на сите деца во Македонија.