1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

КАДИФЕНАТА ПОКРИВКА - добитник на наградата „Стале Попов“ за 2015 година

Последниот роман на Оливера Николова, во издание на „Матица македонска“ е добитник на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2015 година.

„Кадифеаната покривка“ е провокативна, храбра, неверојатно возбудлива, преку сите граници „заиграна“, маестрално испишана и „чудно“/необично структурирана проза на која, во жанровска смисла, најдобро би ѝ прилегал непостоентеориски квалификатив „роман-ин-прогрес“.Умберто Еко би рекол: отворено дело. Македонската книжевност сѐ уште не произвела проза од ваков радикален вид,проза чијшто супериорен книжевен наратив успева постојано да се поигрува токму со најважното: со онаа проколната и темелна естетичка дропка fiction/faction.Во овој „отворен роман“ најмалку е релевантна неговата „фактичност“ која ја застапуваат главните личности: осум историски и јуридички автентични „жени-убијКи“ кои живееле и убивале помеѓу 17 и 21 век. Единственото релевантно во и за „ековската приказна“ на оваа книга е нејзиниот „фикционалитет“, заблазнувачката имагинација на нејзината писателка која го создаде ова зашеметувачко КНИЖЕВНО УМЕТНИЧКО ДЕЛО. Оливера Николова, авторка на дваесетина книги, добитничка на редица најугледни книжевни награди, госпоѓа во најдобрите години, жена со интегритет, писателка од име и од маштаб, и со оваа книга го потврдува својот саморазбирлив статус:La Grande Dame  на македонската литература.   

(жирито за наградата „Стале Попов“ за 2015 г. - Елена Лужина, Блаже Миневски и Иван Чаповски)