Изберете го вашиот јазик

  • Macedonian (mk-MK)
  • English (United Kingdom)
ОЛИВЕРА НИКОЛОВА
  • ПОЧЕТНА
  • БИОГРАФИЈА
  • ДЕЛА
  • БИБЛИОГРАФИЈА
  • НАГРАДИ
  • ИСКАЖУВАЊА
  • ГАЛЕРИЈА
  • НОВОСТИ
  • КОНТАКТ

КОНТАКТ
Тел: +389 70 24 83 82 contact@oliveranikolova.mk
Оливера Николова
Menu


lafazanovski dzhindzhudzhe

02 Ноември 2025. Новости

Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски ќе се одржат на 5 ноември (среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
На доделувањето на првиот добитник на награда за најдобар необјавен роман за деца и млади, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе се обрати жирито во состав: Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска и Јагода Михајловска-Георгиева.
Романот, кој е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е збогатен со илустрации од Здравко Гиров.
„Џинџуџе“ е прво дело за деца и млади од истакнатиот македонски писател Ермис Лафазановски. Станува збор за модерна бајка за потрагата по среќа, сместена во наше време и на наш простор. Бајковидноста и вештото, духовито реферирање на фолклорната традиција во романот се остварени преку два лика – еден џин и едно џуџе (односно едно огромно и едно ситно дете) – исправени пред предизвиците на современиот живот, обединети во т.н. „мол-култура“, како неизбежен факт на нашето време.
„Џинџуџе“ е заедничко, уметничко име на двајца најдобри пријатели – џинот и џуџето – кои функционираат како едно суштество. Зближени по принципот на разлики и контрасти (едниот е огромен и силен, интелектуално инфериорен; другиот е ситен и немоќен, интелектуално супериорен), тие се досетливи акробати кои изведуваат точки со велосипед низ Скопје, особено во „Сити мол“.
Наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади е установена на 11 март 2025 година, на денот на раѓањето на Оливера Николова – првиот без нејзино физичко присуство меѓу нас. Николова почина на 3 ноември 2024 година.
На првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“, која ја установи издавачката куќа „Арс Ламина“ со поддршка на семејството на Николова, пристигнаа 38 ракописи од 37 автори. Во најтесниот избор за наградата беше и романот „Сам во рој“ од Иван Дричко (псевдоним на Сашо Кокаланов).
Романот „Џинџуџе“ наскоро ќе биде достапен во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

26 Ноември 2024. Новости

Амбасадата на Шпанија во Македонија и Студиото за јазици КАСТА ДИВА организираат литературен конкурс како омаж на делото на Оливера Николова

Конкурсот со наслов ,,Раскажи ми приказна” има за цел да охрабри нови креативни творби инспирирани од моќта на авторите кои извршиле големо влијание во детството на сите нас,  од неговата едноставност, безгрижност и љубопитност. Такви се Кино од Аргентина со својата Мафалда, Елвира Линдо од Шпанија со својот Манолито гафотас и македонската Оливера Николова која со своите ликови од Зоки Поки го обележа детството на сите нас.

Текстовите на следниве теми: ,,Детето во мене”, ,,Ќе ти раскажам приказна”, ,,Со што може да се купи сиот свет?” може да се напишат во формат на краток расказ или графички расказ -стрип на македонски или шпански јазик и да се достават во просториите на KАСТА ДИВА во печатена форма, во коверт, со шифра, најдоцна до 12 декември 2024 година. За најдобрите учесници се предвидени вредни награди. Победниците ќе бидат прогласени на 22 декември 2024.  

Повеќе артикли...

  • Оливера Николова (1936-2024)
  • Оливера Николова одликувана со Орден за заслуги
  • ЛЕВА КОМОРА на бугарски јазик
  • Оливера Николова е добитничка на наградата „Прозарт“ за 2022 година
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10

Страница 1 од 10

© 2026 Olivera Nikolova by MOL Komunikacii
  • ПОЧЕТНА
  • БИОГРАФИЈА
  • ДЕЛА
  • БИБЛИОГРАФИЈА
  • НАГРАДИ
  • ИСКАЖУВАЊА
  • ГАЛЕРИЈА
  • НОВОСТИ
  • КОНТАКТ